Добра вест за навивачите на Ливерпул пред мечот со Реал

213

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд се врати на тренинзите на својот тим, откако го пропушти последниот натпревар поради повреда.

„Трент Александар-Арнолд е меѓу играчите на тренинзите, што е добар знак за навивачите на Ливерпул, откако англискиот репрезентативец го пропушти натпреварот минатиот викенд“, објави Би-Би-Си.

Александер-Арнолд не беше дел од селекцијата на Англија за време на репрезентативната пауза, а англискиот бек го пропушти и последниот натпревар на својот клуб во Премиер-лигата против Саутемптон, кој се одигра во неделата, поради повреда.

Во претстојниот натпревар Ливерпул во среда од 21 часот го пречекува Реал Мадрид во петтото коло од Лигата на шампионите.

Екипата на Реал на тој натпревар ќе настапи без Винисиус, кој ќе го пропушти натпреварот поради повреда на тетивата на левата нога.

Александер-Арнолд оваа сезона одигра 15 натпревари за Ливерпул, чиј член е цела кариера.

Ливерпул е прв на табелата во Лигата на шампионите со 12 бодови, а е и лидер во Премиер-лигата со осум бодови повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.

ПретходноМакедонија има плус причина да се надева дека навистина може да се пласира на ЕП после 10 години!
СледноСаутгејт објасни што го спречува да започне со работа