Арена Спорт ќе ги пренесува мечевите на македонските ракометарки на ЕП 2024

144

Македонската женска ракометна репрезентација ситно брои до стартот на Европското првенство кое стартува на 28. ноември, а ќе се одржив во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Дебрецин е базата на избраничките на селекторот, Кристијан Грчевски, а во група ќе играат против Шведска, Турција и Унгарија. Нашите ракометарки веќе се во Унгарија каде за два дена ќе ги одмерат силите против Шведска.

Сите мечеви од ова натпреварување македонските фанови ќе можаат да ги гледаат на Арена Спорт, денеска и официјално потврдија од ЕХФ.

ПретходноСаутгејт објасни што го спречува да започне со работа
СледноМеси можеби ќе остане без рекордот за кој се мислеше дека е несоборлив! (ФОТО)