ПМФЛ: Вардар на мегдан против силниот Гостивар!

134

Денеска од 13 часот, на Арената “Тодор Проески“ во Скопје во меч од 16.коло во ПМФЛ, нашиот најтрофеен клуб е пред голем предизвик. Вардар го пречекува силниот состав на Гостивар со амбиција да дојде до што подобар резултат. Факт е дека со доаѓањето или враќањето на клупата на Гоце Седлоски работите се мрднаа и тоа како на подобро. Против Шкупи и Воска освоени се четири бода, но денеска ќе биде тешко, многу тешко ако се знае со каков состав располага Гостивар и каква амбиции има, а тие се шампионски, тука нема дилеми.

Но ако се покаже храбра и одважна игра, како со Шкупи, ако се даде максимумот, ако се одигра за себе, но и за дресот на Вардар и неговите фанови, ако му се покаже заби што се вели на противникот, тогаш се е можно.

Факт е дека на Вардар му се потребни бодови за да избега што позбрзо од опасната зона, потребна е серија од добри резултати за да се подигне самодовербата во своите квалитети, едноставно за да се покаже дека Вардар е Вардар.

Да се потсетиме дека во првиот меч од оваа сезона меѓу овие два ривали, Вардар и Гостивар одиграа 1:1. Вардарци тогаш на “Борис Трајковски“ освоија бод благодарение на прекрсниот гол на Немања Босанчиќ во 85.минута.

Инаку според традицијата кога играле овие две екипи, на досегашните 12 средби, Вардар има 4 победи, Гостивар три а петтпати било нерешено.

За кого ќе биде баксузен овој денешен 13-ти меѓусебен натпревар?

ПретходноЈакимовски продолжува да блеска, му донесе победа на Колорадо (ВИДЕО)
СледноНавивачите на Барселона ја исвиркаа ѕвездата од 90 милиони евра