Две победи и две места погоре на ФИФА листата. Македонија е 67. на светот

123

Македонската фудбалска репрезентација е официјално 67. сила во светот. По победите над Летонија и Фарски Острови во последниот прозорец од Лигата на Нациите, избраниците на селекторот Благоја Милевски се искачија две места на официјалната ФИФА листа и на тој начин уште повеќе си го подобрија својот рејтинг.

Нашата селекција е во нагорна линија, тоа секако го покажуваат и резултатите, односно петте победи по ред во Лигата на Нациите.

Тоа нормално не останува незабележано на ФИФА листата па скокот на Македонија беше и очекуван, а сега и официјален. Во месец октомври ја заземавме 69. позиција, а по победите на домашен терен сега ситуацијата ни е подобрена за „плус“ два.

Интересно е што на пример сме ја прескокнале селекцијата на Грузија, учесник на последното Европско првенство одиграно летоска. Пред нас се селекции од типот на Буркина Фасо, Албанија и Јордан.

 

ПретходноКој што прави Јунајтед исплаќа тренери… Тен Хаг и неговиот тим во плус 10.4 милиони фунти
СледноГиљермо Милано има нов помошник