КЛ: Фиорентина тесно до нова победа, Легија и натаму гази

31

По поразот во минатото коло, Фиорентина не дозволи ново разочарување за своите фанови во Конференциската лига на УЕФА. Вечерва на „Артемио Франки“, „виолетовите“ беа сигурни на пресметката со Пафос и остварија победа од 3:2, што за нив е веќе трета во ова натпреварување.

Полска Легија и натаму во чекор го следи лидерот Челзи. Полскиот тим вечерва славеше на гости кај Омонија со 0-3 и ја прокнижи четвртата победа, па со 100% ефект досега е лидер со лондонските „сини“.

Вредна победа и за словенечка Олимпија. Тимот од Љубљана на домашен терен со 1:0 славеше над Ларне и ја запиша третата победа.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

4 КОЛО

Лугано – Гент  2:0

Фиорентина – Пафос  3:2

Млада Б. – Бетис  2:1

Олимпија – Ларне  1:0

Омонија – Легија  0:3

Рапид Виена – Шамрок  1:1

Standings provided by Sofascore
ПретходноЕвролига: Шортс за нова победа на Париз, Партизан го „среди“ Олимпијакос
СледноЛЕ: Манчестер Ј. со пресврт до победа, Рома избори реми во Лондон