Александар Јончевски, селекторот на нашата најдобра кошаркарска репрезентација е нов тренер на еден од најголемите клубови во Полска, а тоа е Шлонс Вроцлав. Ова е информација која ја пренесуваат медиумите во таа земја.
Станува збор за клуб кој досега бил 18 пати шампион на Полска.
Инаку од клубот официнјално истакнаа дека е раскината соработката со досегашниот стратег Миодраг Рајковиќ од Србија.
Јончевски во следните денови ќе биде официјално промовиран од страна на полскиот гигант.
Инаку актуелниот селектор на Македонија досега има работено како тренер и во екипите на МЗТ Скопје, Спартак Суботица, Башкими.