Јанта Волеј се зацврсти на врвот кај дамите, Струмица и Штип УГД држат ритам

82

Шампионот Струмица ја продолжи серијата без пораз во домашното првенство, откако и во 11. коло немаше тешка задача на пресметката со Шкендија во Тетово. Струмичани славеа со 3:0 и останаа лидери на табелата со идентичен број бодови како и Штип УГД, но и со меч помалку. Штипјани одиграа одлично на гостувањето кај Македонија Џио и славеа со максимален резултат.

Викендов најинтересно беше во Скопје и Сушево каде гледавме средби со по пет сета. Гостите имаа повеќе среча и на крајот ги однесоа победите.

Во женска конклуренција Јанта Волеј го доби дербито со Наковски Волеј и ја запечати првата позицијата на табелата. Шампионките Работнички со триумф на мечот со Вардар ЕМ се вратија на второто место.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 11. КОЛО

Шкендија – Струмица   0:3 (16:25, 15:25, 15:25)    

Скопје – Весна Пробиштип    2:3 (24:26, 18:25, 25:22, 28:26, 16:18)   

Македонија Џио – Штип УГД     0:3 (13:25, 13:25, 13:25)   

Сушево – Вардар 1947   2:3 (20:25, 25:15, 20:25, 25:17, 9:15)  

Универзитет во Тетово – Јанта волеј     3:0 (25:20, 25:19, 25:17) 

Работнички 71&22 – Лирија       3:0 (25:19, 25:21, 25:23)

ТАБЕЛА: 1. Струмица (27), 2. Штип УГД (27), 3. ГОК Борец (23), 4. Шкендија (22), 5. Работнички 71&22 (20), 6. Универзитет во Тетово (18), 7. Вардар 1947 (15), 8. Лирија (13), 9. Скопје (9), 10. Македонија Џио (6), 11. Сушево (6), 12. Весна Пробиштип (6), 13. Јанта Волеј (0).

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ – 11. КОЛО

Фит фан волеј – Ускана 3:0 (25:15, 25:11, 25:19)   

Струмица – Младост УГД             0:3 (16:25, 23:25, 13:25)   

Работнички – Вардар ЕМ             3:0 (25:22, 25:23, 25:21)   

Јанта волеј – Наковски волеј     3:1 (25:21, 25:18, 20:25, 25:22)

TАБЕЛА: 1. Јанта волеј (29), 2. Работнички (28), 3. Наковски Волеј (26), 4. Фит Фан Волеј (17), 5. Младост УГД (13), 6. Вардар ЕМ (8), 7. Струмица (6), 8. Ускана Волеј (2).

ПретходноТри поени за Димитријевиќ, пораз за Милано
Следно„Пољуд“ во екстаза: Хајдук со нов триумф над Динамо (З) (ВИДЕО)