Јуве во завршницата се лизна против Лече

98

Фудбалерите на Јувентус не успеаја да ја совладаат екипата на Лече во натпреварот од 14-тото коло во италијанската Серија А, кој заврши 1:1.

Јувентус доминираше во текот на целиот натпревар, но тие никако не успеваа да ја пробијат цврсто поставената одбрана на домаќинот. Сепак во 68-та минута Камбиасо ја скрши задната линија на Лече и му донесе предност на Јуве. До крајот фудбалерите на Тиаго Мота му ја препуштија иницијативата на домашниот тим и Анте Ребиќ постигна гол за изедначување во 93-тата минута.

Со ова реми „старата дама’ се наоѓа на 6-тото место со 26 бода, додека пак Лече се наоѓа на 16-тото место со 13 бода.

ПретходноШвајцарката Раст најбрза во слалом за прва победа во кариерата
Следно79 повредени на меч од Регионална лига во Германија