Селекцијата на Шведска ја торпедираше Турција нанесувајќи и тежок пораз во последниот меч од групата во која е и нашата репрезентација. Швеѓанките славеа со 47-19 и со тоа ни помогнаа на крајот да го освоиме третото место во групата и да имаме подобро стартно место за следните квалификации за СП 2025.
Франција очекувано славеше над Португалија со 28-16 за трета победа, исто како и Норвешка на мечот со Словачка (38-15).
Селекцијата на Полска обезбеди место во главната рунда на Европското првенство, откако славеше против Шпанија во еден од најинтересните дуели од денешната програма. Полска на крајот однесе победа од 26-23 и го освои второто место во групата.
Словенија и со подмладен тим успеа да обезбеди место во ТОП 12, откако славеше во Инсбрук против еден од домаќините Австрија со 25-24. Словенија покрај Норвешка ќе патува во главната рунда.