Мечот од второлигашката конкуренција 15. коло, воедно последно од сесенската полусезона, помеѓу екипите на Каменица Саса и Скопје во прекин.
На половина од второто полувреме, колку што може да се примети, нападнати се гостинските претставници при што дојде до општа тепачка покрај, но не и на теренот.
Мечот е прекинат и ќе видиме кога и дали ќе продолжи.
Во моментот на прекинот резултатот на мечот гласеше 1:1. Инаку како и на повеќето од терените низ ПМФЛ конкуренцијата во моментов, така и во Каменица условите за игра се очајни.