Екипата на Приштина од Косово која ја води Зекирија Рамадан, подготвува „богата“ премија за своите играчи доколку денеска успеат да минат понатаму во Лигата на Конференции.
А, Приштина има добри шанси, затоа што пред реваншот со Бодо/Глимт од Норвешка, имаат предност од 2:1. Сега играат на гости, и треба да не загубат, за да се пласираат во следната фаза, а потоа да поделат добра премија.
Дуелот започнува во 18 часот.