Фудбалерите на Рома, конечно, успеаја да победат на домашен терен во Серија А, откако вечерва го совладаа тимот на Лече со резултат 4:1 во натпреварот од 15. Коло.
Клаудио Раниери успеа да ја оствари првата победа по шест натпревари без триумф. Рома поведе во 13. минута Салемакерс погоди за 1:0. Лече израмни во 40. минута кога Крстовиќ погоди од белата точка, а во 59. минута Џанлука Манчини ја врати Рома во водство од 2:1.
Седум минути подоцна Николо Писили ја зголеми предноста на Римјаните, додека конечните 4:1 ги постави Коне на четири минути пред крајот.