Во последниот меч од есенскиот дел, Работнички дома со 3:0 просто го декласираше Пелистер, и играчки и резултатски. Ова четврта победа во серија за четата на стратегот Горан Станиќ кој по мечот за “СпортСпорт“ не го криеше своето воодушевување од настапот и победата на својот тим.
“Не сум задоволен, туку сум презадоволен. Ова е вистинскиот Работнички кој што сакам да го гледам. Знам дека ни недостигаше уште еден гол за есенска титула, но искрено не жалам. Има во пролетниот дел да се играат уште 15 кола, тогаш е она вистинското. Честитки за играчите на Работнички, одиграа маестрално, секоја чест“ посочи Станиќ.