Динамо Загреб го продаде искусниот напаѓач за повеќе од 2 милиони евра

708

Уште една добра зделка за Динамо Загреб. Го продадоа напаѓачот Марио Гаврановиќ (31) за 2,3 милиони евра во Кајзериспор.

Гаврановиќ главно натпреварите ги почнуваше од клупата за резерви, а сега ќе ја продолжи кариерата во Турција, додека „модрите“ ќе заработат добро за еден резервист и голгетер кој има 31 година.

Динамо Загреб пред неколку дена обезбеди плеј-оф во Лигата на шампионите, и ќе се бори за влез во групната фаза против молдавски Шериф.

ПретходноДин Аломеровиќ се враќа во Работнички
СледноРаботнички ги промовираше Баџие и Дарбо