Вечерва се одиграа уште два меча од главната рунда во групата – 2 од ЕП 2024 во ракомет за жени.
Прво ракометарките на Норвешка одиграа добар меч и ја победија Германија со 32:27 (19:13). Па така со ова победа Норвежанките не само што се зацврстија на чело на табелата туку и дефинитивно си обезбедија пласман во полуфиналето.
Реиштад со 9 погодоци беше убедливо најдобра кај победничката екипа, додека кај Германките по 4 погодици постигнаа Гријселс, Хауф, Леихтер и Лот.
Во вториот вечерашен меч селекцијата на Данска ја победи Словенија со 33:26 (17:15) со што и тоа како ги задржа своите шанси за пласман во полуфиналето.
Хахлилчевиќ со шест голови беше најефикасна кај победничката екипа, додека кај Словенките се истакна Станко со осум погодици.