Најдобрите македонски ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на големото ракометно дерби Е. Пелистер – Вардар.
Средбата е закажана за в сабота од 18 часот во салата „Боро Чурлевски“, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи Начевски и Николов да ја имаат арбитражата на теренот.
Вардар славеше во првата сезонска пресметка со 27:24, па битолчани пред полна сала се надеваат на реванш. Марјан и Драган Начевски ќе ја имаат улогата на делегати-контролори.