Скендеровски ги одбра репрезентативците за дуелите со Холандија и Андора

268

Футсал репрезентација на Македонија оваа недела ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.

Првиот од двата квалификациски мечеви го играме на гостински терен против силната Холандија. Дуелот ќе биде одигран на 13 декември во Алмере, со почеток од 19.30 часот.

Во вториот квалификациски меч, на домашен терен ја пречекуваме Андора. Натпреварот против Андора ќе се одигра на 18 декември со почеток во 19 часот, во спортската сала „Јане Сандански”.

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски за претстојните квалификациски мечеви со Холандија и Андора се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Антонио Петровски

Иван Стојановски

Никола Спасовски

Зоран Левски

Таулант Исмаили

Даниел Марињо Де Соуза

Марио Благојевски

Садат Зибери

Драган Петровиќ

Игор Леовски

Димитар Јанев

Јакуп Рамадани

Иван Крстевски

Даниел Марихио Де Соуза

ПретходноГаштаров со Ц. Звезда ја прослави првата победа во младинската ЛШ
СледноФИФА потврди: СП 2030 на три континенти, СП 2034 во С. Арабија!