Вечерва се комплетираа мечевите од 6.коло во ЛЕ и 5.коло во ЛК.
На “Драгао“, домашниот Порто со 2:0, во меч од ЛЕ, успеа да го победи Митјиланд и тоа со головите на Намасо и Саму. Треба да се каже дека овој натпревар ќе биде запаметен како последен во судиската кариера на нашиот најдобар судија Александар Ставрев воопшто. Тој во неделата се прости од судењето на мечот Работничкли – Пелистер на домашна сцена, а еве вечерва и од настапите во УЕФА. И за неговиот помошник Дејан Костадинов ова беше последен меч,а покрај нив двајцата помошен судија на “Драгао“ беше и Гоце Петрески, а четврти Игор Стојчевски.
На останатите мечеви од ЛЕ во терминот од 21 часот се постигнаа следните резултати:
Ајакс – Лацио 1:3, Бодо/Глимт – Бешикташ 2:1, Елфсборг – Карабах 1:0, Лион – Франкфурт 3:2, Макаби Тел Авив – РФС 2:1, Ренџерс – Тотенхем 1:1, Сосиедад – Динамо Киев 3:0, Славија Прага – Андерлехт 1:2.
Во Лигата на Конференции за својата Јагиеолонија настапи во текот на целиот меч Дарко Чурлинов, но сепак неговиот тим е поразен на гостувањето кај Млада Болеслав со 1:0. На останатите мечеви во ова натпреварување вечерва од 21 часот се постигнаа следните резултати:
Гент – ТСЦ Бачка Топола 3:0, Омонија – Рапид 3:1, Пафос – Целје 2:0, Шамрок – Борац Бања Лука 3:0, Сент Гален – Гимараеш 1:4, ТНС – Панатинаикос 0:2.