Џо Вилок до крајот на денот потпишува за Њукасл

115

Џо Вилок до крајот на денов би можел официјално да стане играч на Њукасл.

21-годишниот напаѓач играше за тимот од „Ст. Џејмс Парк“ во вториот дел од минатата сезона како позајмен играч од Арсенал, а во дресот на „страчките“ покажа одлична игра која ги натера првите луѓе на клубот да се обидат да го откупат неговиот договор.

Тој постигна осум гола на 14 натпревари во Премиер лигата, и ја затресе мрежата на седум последователни натпревари, што е голем подвиг за еден млад напаѓач.

Англиските медиуми наведуваат дека „страчките“ испратиле понуда вредна 22 милиони фунти на адресата на „топчиите“, која е прифатена, па реализацијата на овој трансфер е само прашање на време.

Во првото коло од новата сезона, тимот на Њукасл на домашен терен ќе го пречека Вест Хем.

ПретходноМеси не знае на која позиција ќе игра во ПСЖ, вели тоа е проблем на Покетино
СледноБитолчани продолжуваат со засилувања: Пелистер го обезбеди и Стојан Ѓуроски