ФК Вардар промовира ново засилување. Станува збор за Мите Цикарски. 31 годишниот дефанзивец се враќа во клубот откаде што ја започна својата професионална фудбалска кариера.
„Знам што значи да се носи дресот на ФК Вардар. Знам колку тежи овој дрес. Среќен сум што се враќам на местото каде што започнав“, изјави Мите Цикарски.
Искусниот дефанзивец има богата интернационална кариера игајќи во клубови на Кипар, Романија, Грција. Во редовите на Вардар доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров.
„Очекувањата за новата сезона се високи. Знаеме каде припаѓа клуб каков што е ФК Вардар. Се надевам на успешна полусезона и да го искачиме ФК Вардар таму каде што му е местото, во врвот на македонскиот фудбал“.