Напаѓачот Арби Воша е новитет во тимот на Тиквеш. Некогашниот младински репрезентаивец на Македонија доаѓа во Кавадарци како засилување за напролет, од тимот на Струга ТЛ, каде што во последно време и немаше преголема минутажа.
Воша доаѓа во спасувачка мисија што се вели, затоа што Кавадарчани сезонава имаат голем проблем во напаѓачките редови, односно со ефикасноста, па некогашниот младинец на Македонија ЃП, се верува дека е едно од решенијата.
Спортспорт дознава дека Тиквеш нема да застане тука што се однесува до напаѓачките засилувања, напротив, планира да доведе уште еден класичен шпиц играч.