Тиквеш преговара со Мишов и Миловановиќ!

1471

Очигледно е дека Тиквеш не се шегува. Кавадарчани имаат и тоа како намера да го засилат својот тим во текот на зимскиот преоден рок ако се знае што ги чека напролет.

Па така откако денеска и официјално се договорија со Арби Воша, што секако е големо засилување, нашите информации велат дека кавадарчани тука не застануваат.

Имено во моментов се преговара со Александар Мишов и Даниел Миловановиќ. Преговорите биле во завршна фаза и ако се биде како што треба тогаш и двајцата кавадарчани повторно ќе го облечат дресот на својот Тиквеш.

На Миловановиќ последен клуб му беше Брера Струмица, додека на Мишов тоа е Туран од Казахстан.

Кога сме кај голманите, Ристе Јанков си замина од Тиквеш, а за тоа дали ќе има нов голман или шанса ќе му се даде на Стефан Истатов кој на последните два меча во есенскиот дел бранеше фантастично, допрва ќе се знае.

ПретходноИма најави од новото раководство на ФФМ натпревари од едно коло во ПМФЛ да има во петок, сабота и недела!
СледноФиорентина со домашен пораз од Удинезе!