Манчестер Јунајтед веќе стапил во контакт со Осимен

143

Тимот на Манчестер Јунајтед како прв пик според англиските медиуми зимава за засилување го има Виктор Осимен. Според истите, Јунајтед веќе стапил во контакт со претставниците на напаѓачот и дека приоритет ќе биде намалување на сумата која што стои како откупна клаузула, а тоа е 62 милиони фунти.

Сепак, за да трансферот на Осимен биде возможен во старт, Јунајтед мора да се ослободи од Маркус Рашфорд, кој исто така се проценува на вредност од 60 милиони евра.

Виктор Осимен моментално е на позајмица во Галатасарај од Наполи откако напаѓачот беше цврсто исклучен од плановите на Антонио Конте летото и направи се за да се раздели со матичниот клуб. За Нигериецот интерес пројавуваат и ПСЖ и Јувентус, но двата тима планираат да се обидат да го привлечат дури на лето.

ПретходноНикола Јаничиќ на НБА тренинг камп
СледноГалевски: Предизвикот пред нас е голем, но истиот е мотивација, а не товар