Швајцарска олимпијка во сноуборд загина од лавина

437

Светот на сноуборд тагува по смртта на Софи Хедигер, швајцарската олимпијка, која штотуку наполни 26 години, но загина откако беше погодена од лавина додека се подготвувала во местото Ароса, во источна Швајцарија.

Хедигер учествуваше на Зимските олимписки игри 2022 година и оваа година ги постигна првите два подиуми во Светскиот куп, а како најдобар резултат и беше второто место во Ст. Мориц.

„Темна сенка падна за швајцарското скијачко семејство со трагичната смрт на Софи Хедигер. Ние сме неверојатно тажни. Ќе го почитуваме нејзиниот спомен“, изјави претседател на тамошната федерација, Валтер Ројсер.

Сноубордерката и нејзиниот партнер тргнале по патеката наречена „Црниот дијамант“, која во тоа време била затворена, а токму кога ја напуштале Софи Хедигер била погодена од лавина. Службите за итна помош веднаш биле алармирани, но кога Хедигер била лоцирана два часа подоцна, обидите за реанимација на местото не успеале.

ПретходноВан Нистелрој: Ливерпул е доминантна сила
СледноРоналдо во Лапонија се капеше на минус 20 (ВИДЕО)