Ристовски потпиша за Кавала

696

Марјан Ристовски од денеска е нов фудбалер на грчкиот второлигаш Кавала. Како што потврдија од грчкиот клуб, Ристовски денеска го потпишал договорот со клубот и веќе е најавен како големо засилување.

28-годишниот Ристовски во македонското првенство играше за Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс и Вардар, а во Грција замина по завршувањето на соработката со Брера Струмица.

ПретходноДарио Ивановски и Дрита Ислами се најдобри атлетичари за 2024 година
СледноБатум повеќе не е сопственик на АСВЕЛ