Вечерва ќе ги добиеме најдобрите спортисти за 2024 година

123

Во просториите на Националната опера и балет во Скопје вечерва ќе се одржи изборот за најдобрите спортисти во Македонија за 2024 година, во организација на Министерството за спорт. На свечениот јубилеен настан, како што е најавено, ќе се доделат спортските награди на најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година со пропратна забавна програма.

Во изминативе денови се одвиваше и гласањето за номинираните кандидати. Во категоријата за најдобар спортист номинирани се: шахистот Тони Лазов, кик-боксерот Бобан Илиоски, атлетичарот Дарио Ивановски, кајакарот Ангел Петрушев и фудбалскиот голман Столе Димитриевски.

Во категоријата за најдобра спортистка се номинирани таеквондистката Милјана Рељиќ, каратистката Михаела Мишовска, ракометарката Сара Ристовска, кикбоксерката Леа Бошевска и фудбалерката Наташа Андонова. Покрај главните награди лауреати ќе има и во конкуренцијата за најдобар млад спортист, и спортистка, потоа најдобри селектори, како и најуспешни национални селекции.

ПретходноДамјан Субашевски уште две сезони во РК Бутел! (ФОТО)
СледноФлик ги сака Горецка и Канте, ама Лапорта кажал – НЕ!