Актуелниот есенски ПМФЛ шампион, тимот на Силекс предмалку го објави планот за подготовки оваа зима. Секако во моментов како и сите останати екипи Силекс е на заслужен одмор, а по новогодишните празници ќе се стартува со подготовки.
Почетната фаза како и секогаш е во домашни услови, а потоа од 22 јануари до 5 фебруари ќе се замине во Анталија.
За таму Кратовци закажаа неколку пријателски мечеви, од кои ќе стартуваат против Азербејџанскиот тим на Нефчи. Пантахор од Узбекистан е вториот ривал, па Ружомберок од Словачка, како и екипите на Воитсберг однодно Железничар од Босна.