Ова се најважните датуми за Македонија во јануари!

1519

Почетокот на секоја Нова Година веќе долго време уште на стартот носи возбудливи денови. Секој јануари е резервиран за македонската ракометна репрезентација која е редовен учесник на големите натпреварувања.

Ништо поразлично нема да биде ниту овој јануари. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници утре продолжуваат со подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во три земји, а за нас Македонците во центарот на вниманието е Хрватска, поточно Вараждин.

Нашиот најдобар национален тим ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја во рамките на групната фаза, а најдобро тритепласирани екипи одат во главната рунда.

СпортСпорт подготви календар со највжните датму, иако се уште е рано да се зборува за главната рунда, сепак одлучивме да ги заокружиме и тие датму, цврсто веруваме дека на Македонија местото и е токму во тој дел од натпреварување.

  • 15.01.2025 – Унгарија – Македонија – 20:30 часот
  • 17.01.2025 – Холандија – Македонија – 18:00 часот
  • 19.01.2025 – Македонија – Гвинеја – 20:30 часот

ПретходноАнтонио е друг човек по сообраќајната несреќа
СледноХајдук Сплит не е клуб, тоа е начин на живот