Челзи во ерата на Абрамович на трансфери потрошил 2,34 милијарди евра!

181

Се чини дека скапа играчка е Челзи во рацете на Роман Абрамович. Сепак рускиот тајкун нема гајле, посебно кога неговиот клуб е најдобар во Европа, од пред два месеци и официјално.

Откако Роман даде 115 милиони евра за трансферот на Ромелу Лукаку, Челзи стана рекордер по потрошени пари за трансфери во светот. Го надмина и Манчестер Сити.

Имено од 2003 година, откако Роман го купи Челзи, тој на засилувања има потрошено 2,34 милијарди евра. Пари кои обичниот човек едноставно не може да ги замисли.

На второ место е Сити со 2,24 милијарди евра, потоа Барселона со 1,98 милијарди, Реал Мадрид со 1,91 милијарди, Манчестер Јунајтед 1,82 милијарди евра, па следуваат Јувентус, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Атлетико Мадрид.

Ова се податоци од Трансфермаркт.

Инаку за овие 18 години, Челзи успеа да освои пет трофеи во Премиерлигата, исто толку ФА купови, двапати беше освојувач на Лигата на Шампионите.

ПретходноХаос во Англија: Жестока пресметка на навивачите на Јунајтед и Лидс (ВИДЕО)
СледноВаран претставен на „Олд Трафорд“