Екипата на Лил доживеа вистински срам во 2.коло од новата сезона во Лига 1. На својот стадион изгуби од Ница со 0:4 која патем го запиша најубедливата победа над „кучињата“ во најсилната француска лига.
Лил го освои Суперкупот на Франција, но во првенството тргна лошо. Во 1. коло одигра 3:3 на гости кај Мец, а сега доживеа фијаско дома од Ница.
Гостите по првите 5. минути имаа водство од 2:0. Каспер Долберг и Maрио Лемина ја погодија мрежата на домашните, а Гоири од пенал во 45 минута зголеми на 3:0. Во второто полувреме Долберг зголеми на 4:0. Во 71 минута Гоири реализираше гол за 5:0 но по неколку минути беше поништен на реакција на ВАР поради офсајд.
Како и да е, Лил доживеа пораз што треба да ги освести и да ги врати во реалноста. Очигледно се уште се опиени од славјето од минатата сезона.