„Милионерите“ и оваа сезона ќе пукаат од сите оружја: Пет „парчиња“ за Ајнтрахт (ВИДЕО)

151

Борусија (Д) уште на стартот на новата сезона во Бунделсигата потврди дека и оваа година ќе биде страв и трепет за најголемиот дел од прволигашите. На домашен терен „милионерите“ го прегазија Ајнтрахт Франкфурт победувајќи го со високи 5:2 и најавувајќи дека и оваа година како свое најсилно оружје ќе го имаат нападот.

Во неверојатното прво полувреме видовме дури четири од овие седум гола. Ројс погоди за 1:0 во 23. минута, за само четири минути подоцна гостите само поради автоголот на Паслак да израмнат.

Следуваа два гола на Т. Азар и Халанд за водство од 3:1 со кое се отиде на одмор.

Во вториот дел Борусија погодува уште двапати. Реина во 58. минута зголеми на 4:1, за Халанд со својот втор гол во финишот да ги доведе домашните и до 5:1.

Вториот гол за Ајнтрахт беше дело на Хауге во 86. минута.

ПретходноЛиверпул почна фуриозно: 3:0 на гости кај Норич (ВИДЕО)
СледноУште едно финале: Кадетките ќе играат во финалето на ЕХФ шампионатот во Литванија