Прволигашите на тест: Ајде да видиме дали навистина мислат за доброто на кошарката!

206

Пелистер покредна една убава иницијатива, која за македонски услови изгледа како невозможна мисија бидејќи професионализмот во кошарката одамна е загубен. Битолчани побараа да се подигне нивото и да се создадат елементарни услови за играње кошарка во Првата лига, согласно пропишаните пропозиции:

  • Температура
  • Семафор
  • Семафор за 24 секунди
  • Осветлување во салата
  • Пристојни соблекувални

Ова се поропозиции за кои одамна би требало да се дискутир, но за жал во Македонија се уште се мисловна именка.

Битолчани истовремено побараа од КФСМ да ги врати парите од казните кои биле изречени во изминатиот период за да можат клубовите да ги обезбедат потребните услови.

Но, се чини дека заборавија дека клубовите во овој момент се добро потковани финансиски и конечно треба да работат на подобрување на условите за играње на професионална кошарка. Министерството за спорт ги „искешира“ сите, па оттука останува да видиме сите оние кои беа на Редовното Собрание на КФСМ колку навистина се борат за подобро утре на овој спорт. Тука ги ставаме и двете страни.

Пелистер наиде на поддршка од страна на федерацијата, со тоа што раководството на КФСМ предложи да се одигра колото овој викенд, а потоа за сите оние кои нема да ги исполнуваат условите ќе следат казни. Што пак е сосема коректно. Ако некој решил да себе си да се стави во „кошот“ на професионалци би било срамно да не може да обезбеди основни елементарни услови.

Денеска на програмата се два меча од 13-то коло: ТФТ е домаќин на Гостивар (17 часот), додека Чаир е домаќин на Феникс (19 часот). Останатите мечеви се закажани за утре, а ќе се сретнат: Работнички – Шкупи, МЗТ Скопје – Пелистер, ЕуроНикел – Куманово и Вардар – Кожув.

ПретходноДејан Кулушевски на списокот на желби на Наполи
СледноНикола Најдовски е новиот лев бек на Тиквеш