Новото раководство на Фудбалската Федерација на Македонија во својата стратегија секако дека првенствено го става развојот на младинските категории и обезбедувањето на што подобри услови за нашите селекции. Тоа е приоритет, како и максималното посветување на фудбалерите со наше потелко, а кои во моментов играат за други репрезентации.
Такви ги има многу, дел играат на највисоко ниво, а наша задача е да ги привлечеме да го овлечат дресот на Македонија.
Еден од нив, кој што во моментов со успех настапува за младинскиот состав на германски Хофенхајм, инаку репрезентативец на Швајцарија е Зидан Таири.
„Десетката“ за Швајцарија
Таири е именуван како еден од најголемите таленти во Швајцарскиот фудбал, и во 2023 година направи трансфер од неговиот матичен Цирих во Хофенхајм, клуб познат по својата фантастично организирана младинска школа.
Во моментов е дел од У18 репрезентацијата на Швајцарија за која што го носи дресот со број десет. Каде тука се пронаоѓа Македонија? Неговото потелко, односно потеклото на неговото семејство е од Гостивар, од каде што сме имале многу играчи кои беа дел од други репрезентации. Најголемо име секако е Шкодран Мустафи кој го освои светското првенство со „Панцирите“.
Да се дојде до Таири нема да биде лесно, но мора да направиме максимални напори за да придобиеме така талентиран играч кој што игра на позицијата офанзивен играч за врска.
Само за информација, статистиката на Таири сезонава е четири гола и три асистенции на 13 мечеви во домашниот шампионат, како и еден погодок на четири меча кој што Хофенхајм ги одигра во УЕФА младинската лига на шампиони.