Пријателски средби: Победи на Вардар и Кит-Го

732

Фудбалерите на Кит-Го остварија победа од 2:1 на денешниот тест-меч против екипата на Беласица.

Мечот го отвори Марио Рунтев со гол во 28. минута со кој Кит-Го поведе со 1:0. Со овој резултат се замина и на пауза.

Во вториот дел во 67. минута капитенот на Беласица, Милушев израмни на 1:1, додека победа на гостите им донесе Зоран Андонов во 78. минута од пенал.

Победа оствари и Вардар, кој во последниот контролен меч пред почетокот на сезоната го совлада Осогово со 2:0.

Стрелци на головите за „црвено-црните“ беа Филип Петковски во 5-тата и Дејан Блажевски во 42-та од пенал.

ПретходноТрајковски: Одигравме без грешки, заслужено победивме
СледноЛеванте испушти победа, Барди доби половина час (ВИДЕО)