Сензација на АО: Американец со виетнамско потекло по голема драма го елиминираше Медведев!

71

Ретко кој можеше да очекува дека Данил Медведев, еден од најдобрите тенисери во светот во моментов, уште во 2.коло ќе биде елиминиран на АО. Имено по голема драма и по петчасовна битка во Мелбурн, анонимниот Лернер Тиен, кој има само 19 години успеа да го победи Медведев со 3:2 во сетови. Ова е првата голема сензација на овој прв грен-слем оваа година.

Американецот со виетнамско потекло водеше со 2:0 во сетови, потоа Медведев успеа да израмни на 2:2, а во решавачкиот петти сет, Тиен во неверојатна драма беше подобар и успеа да го добие овој меч со 3:2 со што се избори за пласман во следната рунда.

ПретходноМашике од Гостивар замина во Флориана
СледноЛестер има нов стопер во името на Кулибали