Ерлинг Халанд потпиша продолжување на договорот со Манчестер Сити, обврзувајќи се да остане во следните девет и пол години, до летото 2034 година. Ова го пренесуваат англиските инсајдери и медиуми, додавајќи дека со продолжувањето на договорот се избришани сите претходно договорени клаузули и дека новиот договор е еден од најбогатите во историјата на спортот.
Точни бројки не се наведуваат, но ова е секако веста на која се надеваа навивачите на клубот. Во сезона во која Сити покажува знаци на попуштање по долгогодишна доминација во Премиер-лигата, како утеха доаѓа веста за продолжување на договорот со еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Откако дојде во клубот од Борусија Дортмунд, Халанд постигна 111 гола на 126 натпревари за Сити. И покрај послабите резултати на Сити оваа сезона, тие постигнаа 21 гол на 28 одиграни натпревари. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид ќе се обиде да ја искористи клаузулата од неговиот договор и да се обиде да го доведе.
Во неговиот претходен договор, со важност до летото 2027 година, наводно пишувало дека би можел да го напушти Сити на крајот од сезоната. Неговата цена за напуштање на англискиот клуб на крајот од минатата сезона изнесуваше околу 180 милиони евра, а секоја година беше пониска.
Англиските медиуми пренесуваат дека овие клаузули се избришани, што значи дека навивачите би можеле уште долго да го гледаат Халанд во Сити.