Нејмар конечно откри што навистина се случувало во периодот кога тој играше за ПСЖ, кога во клбот заедно беа во тој момент веројатно најголемите светски ѕвезди, Нејмар, Меси и Мбапе.
Исто така откри каде “пукнало“ пријателството со сегашниот член на Реал Мадрид:
“Килијан во прв момент беше пристојна личност. Имаше респект кон мене, често се дружевме, често доаѓаше во мојот дом. Имаше тука пријателство. Да, подоцна имавме неко караници, но јас и натаму мислам дека е добра личност. Сепак некои работи од корен се променија по доаѓањето на Меси во ПСЖ. Јасно беше дека Мбапе е љубоморен, не сакаше никако да се дружи со нас и стана неподнослив. Кога дојде Меси во Париз тој во целост го промени својот однос“ посочи Нејмаер за Мбапе.