Да, да се знае кој е кој. Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови успеа да го совлада Томаш Махач и со тоа да оствари пласман во 1/8 финалето на АО во Мелбурн. Се очекуваше многу потешка задача за Србинот, кој сепак покажа дел од својата класа и тоа му беше доволно да го збрише својот противник од Чешка денеска во Мелбурн и без никаков проблем да оди во следната фаза.
По сетови Новак славаше со 6:1, 6:4 и 6:4 во меч во кој Махач немаше никакви шанси за било какво изненадување и во меч кој траеше само 2,5 часа.