Победа против Гвинеја ја носи македонската ракометна репрезентација го главната рунда на Светското првенство. Оваа нова генерација заедно со поискусните во тимот покажаа дека Македонија има светла иднина, има борци. Против Холандија и Унгарија видовме „арсенал“ на убави голови, а еден од нив се најде на „радарот“ на ИХФ.
Жарко Пешевски на последната средба против Холандија во првото полувреме, покажа дел од своите „специјалитети“.
Уживајте во овој погодок, истиот нека биде загревање на денешната средба против Гвинеја која е закажана со почеток во 18 часот.
View this post on Instagram