Македонските навивачи полека ја подгреваат атмосферата за вечерашниот дуел со Гвинеја, кој Македонија може да ја однесе во вториот круг на натпреварите на Светското првенство. Во Вараждин во фан-зоната во која постојано се собира „Фалангата“ веќе е весело, но забележливо е присуството на зголемени полициски сили на плоштадот, нешто што досега не беше практика.
Очигледно заканите на ИХФ кон организаторот доведоа до вакви зголемени мерки за обезбедување, кои ќе бидат на сила и во салата арена.