Кузмановски по втор пат на Мундијалот е играч на натпреварот

115

По дуелот со Унгарија, на кој што нашиот капитен Филип Кузмановски беше шпрогласен за играч на натпреварот, истото се случи и денеска на дуелот против Гвинеја.
Македонската ракометна репрезентација пред малку ја забележа првата победа на овој Мундијалски турнир, а нашиот капитен како по обичај беше број еден играч во нашиот состав.

Постигна 12 гола, и беше водач во мечот во кој реално имавме резултатска но и играчка контрола во рекот на сите шеесет минути.

Македонија обезбеди пласман во следната фаза, во која што пренесуваме еден бод, од оваа група.

 

ПретходноРакометарите веќе заработија премија од два милиони денари
СледноПознат е распоредот за главната рунда, Македонија против Австрија на стартот!