Интер без проблеми против Емполи

43

Екипата на Интер на домашен терен оствари победа од 3:1 над тимот на Емполи во последниот дуел од денешната Серија А програма.

Целиот дуел мина во доминација на домаќинот кој поведе со голот на Лаутаро Мартинез во 55. минута од мечот. Дамфрис беше играчот што зголеми на 2:0, а единствениот светол момент за гостите беше голот на Еспосито со кој што Емполи намали на 2:1.

Сепак, Маркус Турам во 89. минута погодува за 3:1, и го поставува конечниот резултат.

Интер и натаму е втор со 47. бода три помалку од првопласираниот Наполи но и меч повеќе.

 

ПретходноГенералниот секретар на РФМ со протесна нота: Жени и дечиња беа најгрубо претресувани од нервозните рeдари!
СледноМакедонија во главната рунда тргнува со еден бод, еве како изгледа табелата во групата – 2!