Македонските навивачи сведочат: Хрватите се изживуваа, бевме апсени за носење знамиња и казнувани со по 173 евра! (ВИДЕО)

1365

По вчерашните случувања во и пред арената во Вараждин, бројни македонски навивачи кои се во Хрватска преку социјалните медиуми реагираат на однесувањето на организаторите и на хрватската полиција. Според неколку сведоштва, вчера во Вараждин за време на мечот со Гвинеја на СП во ракомет биле апсени наши навивачи поради тоа што носеле знаме со сонцето до Кутлеш и на истите веднаш им била одредувана глоба во висина од 173 евра!

Освен претресите и малтретирањата на влезот во салата, за кои реагираше и РФМ, некои навивачи биле уапсени за банални работи, како гестикулации кон други навивачи, а некои биле апсени бидејќи се во алкохолизирана состојба. Очигледно хрватската полиција и организаторите од ИХФ немаат вчера имаа само една задача – да покажат некаква сила врз оние кои им ја наполнија салата во Вараждин и им го спасија првенството, бидејќи и онака другите две сали во Хрватска зјаат празни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

ПретходноНов трипл-дабл на Јокиќ, Клиперс го добија градското дерби
СледноЛазаров со одлична вест: Убеден сум дека Митев ќе биде фит за Австрија, знам каков карактер е!