Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, призна дека за да дојдат успесуте, навивачите и фудбалерите најпрво ќе мора да поминат низ фаза на страдање.
„Сè е едноставно со мене, нема да го променам мојот став кон фудбалот. За тоа зборувам искрено. Фудбалерите ќе мора да страдаат – извинете! Ќе мора да настрадаат и навивачите. Имам пристап за кој знам дека ќе успее. Но, ќе мора да издржиме. Мислам дека на сите им е јасно што ќе правиме“, изјави Португалецот.
Манчестер Ј. викендов загуби од Брајтон на домашен терен со 1:3 и моментално се наоѓа на 13. место во поредокот во Премиер лигата.