Португалскиот фудбалски гигант Порто соопшти дека ја прекина соработката со досегашниот тренер Бруно Витор.
По последниот пораз од Жил Висенте, Порто забележа серија од три порази по ред во сите натпреварувања, па управата реши да направи радикален потег и да го отпушти Бруно Витор.
Стратегот, чија работа на „Драгао“ е прва независна во кариерата, ја загуби лидерската позиција од Спортинг во последните две кола, а клубот на ова гледа како на предупредувачки сигнал. Во исто време се зборува дека Витор ја изгубил и довербата во соблекувалната, а еден од водачите на бунтот против него е искусниот Пепе, кој одбивал да игра под палката на Витор.
Според португалските медиуми, Хорхе Коста треба да го наследи Витор како тренер на Порто.