Некогашниот македонски младински репрезентативец Кристијан Велиновски ќе ја продолжи својата кариера во шампионатот на Босна и Херцеговина. Поточно, во тимот на ГОШК Габела.
Досега тој беше дел од тимот на Сумгајт во Азербејџан, а сега продолжува да плови во интернационални води што се вели и се сели во далеку поблиска средина.
Тимот на ГОШК во моментов има проблеми да обезбеди опстанок, па Велиновски доаѓа очигледно како засилување кое ќе помогне во таа насока.
Велиновски е дете на Брегалница, а настапуваше и за екипата на Академија Пандев, денешна Брера.