Гвардиола: Фоден треба да остане во Манчестер Сити до крајот на кариерата

114
Phil Foden of Manchester City celebrates his 1st goal to make it 1-0 in the Premier League match between Ipswich Town and Manchester City at Portman Road, Ipswich, England. Sunday 19th January 2025. (Photo by Isaac Parkin Manchester City)

Синоќа тимот на Манчестер Сити ја покажа сета своја сила на гостувањето кај Ипсвич. Победи со 0:6 во меч во кој доминираше во секој аспект од играта. По мечот, менаџерот Пеп Гвардиола и тоа како беше задоволен од она што го виде на терен, потенцирајќи ја улогата на Фил Фоден како лидер на тимот. Пеп додаде дека посакува Фоден да остане до крајот на кариерата во Сити, нешто што го навестува Ерлинг Халанд со неверојатниот договор неодамна потпишан со трајност до 2034 година.

„Тој може да биде фудбалер кој останува во само еден клуб и тука ќе ја заврши кариерата, ќе игра многу, многу години, на негова возраст и со бројот на голови и асистенции, бројот на одиграни мечеви и неговата работна етика. Неговиот најголем квалитет е што кога е околу шеснаесетникот ги чувствува головите во својата крв, мисли „ќе постигнам гол“ Иима специфични квалитети“, –  прокоментира Пеп Гвардиола.

„Разговаравме многу пати во последните месец дена или неколку недели. Навистина сме задоволни што тој се врати среќен и ужива во играта, а тоа е добро за сите нас“, продолжи Гвардиола.

Манчестер Сити се чини дека повторно ужива во играта откако ја постигна најголемата победа во Премиер лигата за повеќе од две години.

„Долго време не игравме како порано и најважното против Ипсвич беше очигледно резултатот, но факт е дека момците сфатија на што сме. Долго време, од многу причини, ни беше важно да сфатиме дека можеме да бидеме тим кој ќе ужива во тоа што го правиме. Се надеваме дека тоа го чувствуваат играчите– вели Пеп.

ПретходноКлинсман: Интер има повеќе шанси да ја освои Лигата на шампионите, отколку Скудетото
СледноЛевиот бек на Лече на радарот на Манчестер Јунајтед