Сега е готово. Иако речиси цела година се најавуваше како можен и голем трансфер од Баерн Минхен во Реал Мадрид, имаше и преговори, сепак Алфонсо Дејвис останува во Минхен и тоа за 15 милиони евра годишна плата, што е многу повеќе од тоа што досега го земаше.
Како што пренесува “Марка“, Реал Мадрид и дефинитивно се откажал од преговорите со Канаѓанецот и сега ќе бара нова опција.
Инаку Дејвис за Баерн Минхен ќе потпише нов договор и тоа во јуни кога постоечкиот му истекува.
Инаку медиумите во Германија информираат дека веста за тоа дека останува во Минхен на Флортентино Перез му ја соопштил самиот Дејвис.