Пред само два дена на помалку од полвина час до почетокот на натпреварот на македонската ракометна репрезентација против Гвинеја во Вараждин Арена ечеја македонски песни, се вееја македонски знамиња.
Е денеска сликата е тажна. Македонски фанови има, но во значително мал број. Ходниците се празни, иста е ситуацијата на трибините.
Домаќинот на последниот меч се однесуваше грубо кон Македонците, а тоа за дел значеше дека треба да се спакуваат и да се вратат назад. Од денеска Вараждин е пак тажен град.
Има најава за фанови од Виена, има и останати Македонци, но нивната бројка не е како во групната фаза.
За постетување, Македонија за помалку од половина час ќе ги одмери силите против Австрија во првиот дуел од главната рунда.