Борбеност и храброст, вака на кратко можеше да се опише настапот на македонската ракометна репрезентација на ова Светско првенство и тоа од повеќе аспекти, не само играчки. Овие момци не признаваат ништо, кога станува збор за Македонија, го трошат секој атом на сила, секако, кога здравствената ситуација го дозволува тоа.
Многумина се прашуваа зошто во составот го немаше Томислав Јагуриновски за дуелот против Австрија. Томи како и дел од ракометарите што беа на располагање на Кирил Лазаров за денешната прва средба од главната рунда на Светското првенство беа со температура.
Јагуриновски мораше да остане во хотелот, тој не можеше да дојде во сала. Митревски и Костески, и двајцата до пред почетокот исто имаа температура, но се најде начин како да се оспособат до почетокот на средбата. Претходно Марко Митев не играше за Гвинеја, тој имаше повреда на рамото, иако не е 100% опоправен опоравен сепак одигр храбро на оваа средба.